Поранешната министерка за одбрана и заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шеќеринска е избрана за потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).
„Ми претставува огромна чест да ве информирам дека на Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС). Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија. Благодарност до новиот претседател Стефан Ловен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа“, напиша Шеќеринска на својот Фејсбук профил.
На конгресот на Партијата на европски социјалисти во Берлин долгогодишниот премиер на Шведска и лидер на тамошните социјалдемократи Стефан Ловен е избран за нов претседател на ПЕС.