24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Стојковски, Преспа Институт: Извештајот е позитивен, засега е општ, но ќе биде детален по билатералниот скрининг

„Извештајот за 2022 година е добар или позитивен. Сепак, она што треба да се има предвид е фактот дека државава се наоѓа во нова фаза, т.е. во преговори за пристапување во членство во Унијата и оттаму очекувано е извештајот да биде позитивен“, вели Андреја Стојковски, директор на „Преспа Институтот“.

Според него станува збор за општ извештај кој ги следи сите кластери и поглавја, истиот не содржи многу детали и пропушта голем дел од препораките кои ќе бидат содржани во извештаите од билатералниот скрининг.

„Треба да бидеме свесни дека во извештаите од билатералниот скрининг Комисијата ќе биде многу „посурова“ во оценувањето на државава и нејзината подготвеност, или недостаток на подготвеност. Токму поради тоа овој извештај едноставно е позитивен“, додава Стојковски.

Заклучокот дека Македонија е умерено подготвена за членство во Унијата што е на линија на просечната подготвеност на секоја од државите од Западен Балкан.

Овој јазик на Комисијата и оваа оценка се забележува кај секоја од државите од регионот, но како што вели Андреја Стојковски „исклучок е поглавјето Заедничка надворешна и безбедносна политика каде Македонија има направено многу добар напредок и постигнато многу добро ниво на подготовка“.