9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од МНР со осуда за искршената табла на бугарскиот клуб во Охрид

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најстрого го осудува вандалскиот чин што се случи денес, 12 октомври, во Охрид, со кој е искршена таблата на неодамна отворениот клуб“, соопштија попладнево од МНР.

Од таму потсетуваат дека, според Уставот, и според долгогодишната пракса во земјата, сите граѓани на Република Северна Македонија имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на своите права и уверувања.

„Ги повикуваме сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за овозможување непречено исполнување на сите со Устав и со закон загарантираните човекови и граѓански права и слободи. Истовремено, го повторуваме апелот и до сите граѓани и здруженија на граѓани за зрело и одговорно однесување со почит кон правата и слободите на другите напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас“, стои во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Апсења на познати бизнисмени и екс директори во Битола – детали за новата истрага

ДЕСК

Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

ДЕСК

Бујар Османи најави предвремени парламентарни избори во март или април

ДЕСК