На 11.10.2022, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода В.С.(26) од с.Градец, виничко, поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба над малолетничка, информираат од МВР.
Поднесена е кривична пријава против В.С. до ОЈО Кочани, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена и тој е спроведен до Казнено-поправната установа Затвор Куманово, додаваат оттаму.