24 C
Скопје
22. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Фотографии потврдија со кого се блиски луѓето што го отворија клубот во Охрид

„Ваквите клубови ги отвораат мали групи, кои за лични интереси ставаат такви имиња. Не ги знам луѓето и сигурно не се блиски и поврзани со СДСМ. Може на социјалните мрежи да се види со кого се блиски“ рече премиерот Димитар Ковачевски во „Клик плус“ на ТВ 21, алудирајќи на фотографиите на социјалните мрежи на кои претседателот на бугарскиот клуб од Охрид, Томе Блажески се појавува со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Премиерот Ковачевски го осуди отворањето на бугарскиот културен центар во Охрид со име „Борис Трети“ и порача дека тоа е провокација која не носи никому добро.

Тој додаде дека културните центри треба да носат имиња на личности кои збложуваат, а не на лица кон кои граѓаните имаат негативни чувства.

Премиерот Ковачевски додаде дека се подготвува нов Закон за здруженија на граѓани со кој ќе се превенира формирањето на здруженија со имиња на контроверзни личности.