Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата влезе во Арачиново – падна познат дилер на кокаин

Одделот за сузбивање со организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна полициска истрага, на 05.10.2022 година лишија од слобода дилер на кокаин од скопско Арачиново, информира МВР

Имено, во рамките на спроведената криминалистичка истрага во периодот од јуни до октомври 2022 година, во координација со ОЈО Скопје, Единицата за недозволена трговија со дрога обезбеди материјални докази за Е.А.(23), за кој постојат основи на сомнение дека сторил кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес извршен во домот на Е.А. во скопско Арачиново, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, билe пронајдени предмети поврзани со кривични дела, а лицето е приведено. Во координација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, во текот на денот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. Против истото лице во март 2019 година, исто така, беше поднесена кривична пријава поради недозволена трговија со кокаин.

Можеби ќе ве интересира

Малолетници – разбојници и насилници завршија во полициската станица во Бит Пазар

ДЕСК

Полицијата не се шегува: 12 лица уапсени за возење во пијана состојба, напишани 2.382 казни – државата трие раце

ДЕСК

Битиќи: За 15 месеци власта изгуби околу 30% од своите гласови

ДЕСК