22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Ковачевски се сретна со раководството на Синдикатот на УКИМ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и министрите за финансии и за образование и наука, Фатмир Бесими и Јетон Шаќири, денеска се сретнаа со раководството на Синдикатот на УКИМ.

Тема на состанокот беше барањето на Синдикатот на УКИМ за зголемување на платите на професорите и потпишување посебен Колективен договор за УКИМ, независно од веќе постоечкиот Колективен договор со СОНК, потпишан минатата година.

На состанокот, од страна на премиерот и на министрите беше истакнато дека навистина треба да се цени и вреднува работата на професорите, но и дека мора да ги имаме и предвид состојбите во државата во услови на економска криза.

Исто така, беше посочено дека во изминатите четири години платите на вработените на универзитетите се зголемени за вкупно 20%, односно, 5 % од септември 2019 година, 8 % од септември 2021 година и 7 % од септември годинава. Исто така, од страна на премиерот и министрите беше посочено дека ќе се направат детални анализи и пресметки за да продолжи зголемувањето на платите во високото образование и наука и следната година, но и беше побарано од Синдикатот да се направи реорганизација на факултетите и воведување на нови атрактивни студиски програми, кои ќе ги зголемат сопствените приходи на високо образовните установи.

Владата на Република Северна Македонија освен што работи на зголемување на платите во образованието, работи и на унапредување на научно-истражувачките проекти за јавните научни установи, но и за набавка на опрема за лаборатории, акредитација на лаборатории за научно-истражувачка дејност.

Дополнително ги вративме и воведовме нови стипендии за постдипломски и докторантски студии во државата. Со оваа политика на стипендирање ги поттикнуваме успешните студенти да се надоградуваат и да се занимаваат со научно-истражувачка работа, но и да останат во државата како кадар на универзитетите и институтите.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Димитар Ковачевски предводи владина делегација во Обединети Арапски Емирати

M T

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

Ковачевски: Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание, 11 Октомври

M T

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T

Ковачевски: Владата ќе се погрижи, како и од првиот ден граѓаните да имаат парно оваа зима

M T