14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Наутро студено а преку денот сончево со температури до 26 степени

Денеска наутро времето ќе биде студено а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Од понеделник во попладневните часови најпрвин во западните делови ќе почнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите делови.

Во вторник ќе биде нестабилно и врнежите наместа ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Во овие денови ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Филипче со конструктивни предлози до институциите како да се меенаџира кризата во Трубарево

C +

Филипче со конкретен план по хаваријата во Трубарево: Медицински прегледи и лабораториски анализи дел од препораките

C +

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

C +