Под слоганот #SAMODOĐI, започна Weekend.15, уникатен настан на годината, кој на едно место ги собира најдобрите странски и домашни експерти од широк спектар на индустрии, во добро познатите простории на старата Тутунска фабрика во Ровињ. Од денес, па сè до недела- 25 септември, омилената истарска дестинација ќе биде домаќин на некои од најпознатите имиња од светот на медиумите, комуникациите, технологијата, музиката, економијата и иновациите, како и шпионажата, гастрономијата и спортот. Токму ова е најголемиот адут на целиот проект на Weekend Media Festival, кој сигурно ќе остане запаметен и оваа година – не само по говорниците како Јоси Мелман, врвен експерт за шпионажа и меѓународна безбедност, Вук Вуковиќ, познат хрватски макроекономист, Мајкл Селден, директор на компанијата Finless Foods и Јелена Ѓоковиќ, ко-основач на фондацијата Новак Ѓоковиќ, туку и поради одличната музичка програма, која вечерва свечено ќе ја отворат Дарко Рундек и Џез оркестарот на Хрватската радио телевизија.
„Зад целата организацијата овие 15 години се крие огромен труд, работа и упорност. Своето професионално знаење го имплементиравме во секое издание на Weekend, кој со текот на времето стана најголемата регионална конференција. На патот од едноставната визија за собир на водечки маркетинг ентузијасти до успешна трансформација во лидер на настани, најмногу бевме мотивирани од огромното задоволство на посетителите, чиј број се зголемуваше секоја година. Посетителите се едуцираат, се забавуваат и инспирираат на Weekend, а често прават и нови деловни соработки. Одличното вмрежување во неформално опкружување е основен столб на настанот, на чие супериорно влијание се гордеам секој септември сè повеќе и повеќе“, нагласува Томо Рицов, директор на фестивалот и програмски директор.
Посетителите на јубилејното издание на Фестивалот ќе можат да уживаат во речиси 40 панели, предавања и дискусии, а за добрата посетеност секако ќе придонесе и одличната забавна програма во која покрај Дарко Рундек и моментално најголемата регионална ѕвезда Констракта ќе настапат и Zemlja Gruva, како и музичките сензации Војко Б.. и Матија Цвек & The Funkensteins..
„Weekend стана институција, но и место за инспирација, едукација, дружење и склучување зделки, последниот летен викенд во еден од најубавите градови на Јадранот. Затоа уникатниот одзив на гостите од целиот регион не е изненадувачки. Посебно сме горди што оваа година бевме домаќини и на престижниот Golden Drum, еден од најзначајните европски креативни фестивали и воедно награда за најдобри креативни достигнувања, која Порторож ја замени со Ровињ. Тоа кобрендирање ќе ни даде дополнителна свежина и инспирација!“, тврди Божо Скоко, член на програмскиот тим од Millenium Promotions, партнерската агенција на Фестивалот.
Возбудливите настани не застануваат тука, во рамките на Weekend. 15 ќе се одржат уште два специјални настани – доделувањето на наградите на победниците на хрватскиот старт-ап натпревар FoodTech организиран од Infobip, Maistra и Peppermint, кој започна на Weekend Food Festival и престижниот фестивал Golden Drum , кој секоја година ги слави најдобрите идеи, најуспешните креативни тимови и вешти поединци кои ефективно ги оживеаја иновативните стратегии и на тој начин оставија свој белег во креативната индустрија.