Centar.mk
БИЗНИС

„Мекдоналдс“ повторно се отвора во Украина

Три киевски филијали на синџирот за брза храна „Мекдоналд“ денеска повторно се отворени првпат од почетокот на руската инвазија, што е знак дека животот во украинската престолнина се нормализира по речиси седум месеци војна.

Американскиот синџир-ресторани за брза храна претходно објави во соопштение дека по разговорите со украинските власти, повторно ќе ги отвори локациите во Киев со безбедносни експерти и доставувачи, но првично само за испорака.

„Во октомври овие три ресторани повторно ќе бидат отворени за посетители, а до нив ќе се отворат McDrive и McDonald’s Express“, се вели во соопштението на компанијата.

„Како дел од постепеното повторно отворање на рестораните, се планира да се отворат уште седум во Киев по што бројот ќе се зголеми во главниот град и во градовите на западот на земјата“, се додава.

„Мекдоналд“ ја прекина работата во Украина на 24 февруари веднаш по руската инвазија.

Долгоочекуваното повторно отворање на популарниот американски ресторан за брза храна многу Украинци го гледаат како симболичен знак на поддршка.

Можеби ќе ве интересира

Минималната плата минимално ќе скокне – Раст од само 2.000 денари во април 2026-та година

ДЕСК

Инфлацијата изнесува 4 отсто

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Во 2026 година продолжуваме со стратегијата за стабилен раст, намалување на буџетскиот дефицит и подобар животен стандард

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.