23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Две крила во ВМРО-ДПМНЕ промакедонско за ЕУ и ванчовистичко против !?

Мицевски против Мицкоски: „Не е проблем да има Бугари во Уставот“, пишува 24инфо.

Се обистинува најавата на новинарот Бранко Героски дека има расположение во дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се прифати Бугарите да бидат во Уставот. „Зошто па да не? Ако се сите други во Уставот, да бидат и Бугарите?“, ги сподели во август Героски размислувањата на челниците од ВМРО-ДПМНЕ со кои имал наводно бил во контакт.
Еден месец подоцна, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека не биле против внесувањето на Бугарите во Уставот:

„Апсолутно не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот… Апсолутно не сме против Бугарите и не само против Бугарите, туку и другите за внесување во Уставот“ – кажа координаторот на пратеничката група Мицевски во интервјуто за Радио Слободна Европа. Неговата клучна порака беше содржана во бројните наслови во медиумите „Мицевски: Не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот“. Иако Мицевски подоцна се жалеше дека бил истргнат од контекст, недвосмисленa беше неговата порака дека „Не е проблем да има Бугари во Уставот“.

Е, сега, ако „Не е проблем да има Бугари во Уставот“, зошто тогаш Христијан Мицкоски обвинуваше за предавство и мавташе со пратенички потписи заверени на нотар, давајќи „гаранции“ дека нема да има промена на Уставот по никоја цена?

  • Целиот текст прочитајте го на 24инфо