Фејсбук статус на Марјан Забрчанец:
Бесплатна лекција за шпицниот професор Мицкоски – за Отворен Балкан и регионалната соработка
Мицкоски не знаел што била суштината на проектот Отворен Балкан, не бил информиран. При тоа ја спори регионалната соработка и размената на стоки и услуги меѓу две земји од Отворен Балјан, Албанија и Србија, бидејќи тие не граничеле меѓу себе. Прашува како можеле тие две земји да соработуваат и да разменуваат стоки и услуги, ако не граничеле меѓу себе.
Жално е што шпицниот професор, од незнаење или од политичка глупост и несмасност ни ја брука државата, па и својата партија, па и себеси.
Еве нека прочита и научи Мицкоски за Отворен Балкан. Нека научи за придобивките на извозните компании кои произведуваат храна и веќе не чекаат со часови и денови на границите, за помагањето меѓу земјите од регионов во услови на недостаток на храна и струја, за помагањето при природни несреќи и катастрофи, за промоцијата на Отворен Балкан како врвен вински, гастрономски и туристички регион.
Нека прочита шпицниот професорт и за тоа дека регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан ја развиваат уште најмалку пет други иницијативи и во ниту една од нив сите земји не граничат меѓу себе. Слушнал ли Мицкоски за Берлинскиот процес, за Regional Cooperation Council (RCC), за Central European Free Trade Agreement (CEFTA), за Regional Youth Cooperation Office (RYCO), за Western Balkans 6 Chamber Investment Forum (WB6 CIF)? Знае ли Мицкоски дека регионално соработуваат дури и земји меѓу кои има две други држави и се далеку од граничење меѓу себе, на пример БиХ и Албанија?
Додека Мицкоски чита и учи за Отворен Балкан, за оваа иницијатива се поголем интерес пријавуваат Црна Гора, БиХ, Грција, Унгарија, Турција… Додека Мицкоски учи, Отвоен Балкан веќе доби поддршка од Ескобар (САД) и од Вархеји (ЕУ).