13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Струмичанец шверцувал Турци кои во земјава влегле без валидни документи

Вчера на автопатот Демир Капија-Неготино, од полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ било сопрено патничко возило „мерцедес Ц 200“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.М.(26) од Струмица.

При извршена контрола во возилото било констатирано дека во него се превезувале Б.С.(22), М.М.(23) и Д.М.(27), сите од Р.Турција, кои немале уредни патни исправи. Од извршената проверка било констатирано дека тие немаат остварено влез во државата на официјален граничен премин.

Сите четворица биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ИМА ОСВЕЖУВАЊЕ СО ДОЖД И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Почина оперската дива Милка Ефтимова

C +

Стејт департментот: Нема значителни промени во состојбата со човековите права во Северна Македонија

C +