Во текот на изминатата вечер во периодот од 01.20 до 05.00 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност Оддел за криминалистичка полиција од Скопје, Одделот за специјални полициски операции, како и полициски службеници од Струга и инспектори од Одделот за странци во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во угостителски објекти во Струга.
При контролата биле затекнати две малолетни лица, едно лице е приведено под дејство на алкохол кај кого во патничкото моторно возило пронајден е остар предмет и метален предмет – боксирач за што ќе следува и соодветна пријава.
Утврдено е непочитување на законот за забрана за пушење во затворени простории, како и неиздавање фискални сметки, соопшти полицијата.
Притоа биле затекнати странски државјани без соодветна документација за регулиран престој, а шест странски државјанки без работна дозвола кај кои по извршен претрес биле пронајдени поголема сума на пари.