10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Стоилковски во континутитет манифестира доза на шовинизам насочен кон женскиот пол, обвини СДСМ

Соопштение на СДСМ:

Реакција на изјава на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски во континутитет манифестира доза на шовинизам насочен кон женскиот пол

Во континутитет граѓаните гледаат една висока доза на шовизам манифестирана од Наум Стоилковски и ВМРО-ДПМНЕ, особено насочена кон женскиот пол.

Тоа воопшто не говори добро ниту за Стоилковски ниту за неговата ВМРО-ДПМНЕ.

За личноста за којашто повторно зборува токму Стоилковски лажеше дека била назначена за конзул, па излезе дека тоа не е точно.
Прашањето на кое Стоилковски треба да одговори е дали истата личност подолго време била вработено во општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ?

Кои се мотивите за ваков тип на напади од страна на Стоилковски останува граѓаните да оценат.

Јавноста знае дека токму Стоилковски се има извинето за неговите сексистички ставови и навреди кон жените.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +