Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски – Столтенберг: Македонија ќе продолжи со воена, хуманитарна и дипломатска помош за Украина

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Двајцата соговорници дискутираа за соработката меѓу Република Северна Македонија и НАТО за актуелните регионални и безбедносни прашања, енергетските предизвици и за безбедносните теми поврзани со стабилноста на регионот.

Во однос на руската агресија врз Украина, Пендаровски ја реафирмира поддршката за Украина и украинскиот народ посочувајќи дека Северна Македонија како членка на НАТО ќе продолжи да дава воена, хуманитарна и дипломатска помош, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување мир.

Генералниот секретар Столтенберг се заблагодари за поддршката што Република Северна Македонија му ја дава на украинскиот народ во одбрана на нивната земја.

Двајцата соговорници се согласија дека алијансата треба да продолжи во своите напори за поддршка на Украина со цел стабилизирање на ситуацијата во целиот евро-атлантски простор.

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК