22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Богоев: Македонскиот јазик е потврден, се покажа дека нема бугаризација

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во утринската програма на ТВ21 истакна дека македонскиот јазик е потврден, нема никаква бугаризација.

Ние денеска во оваа дебата зборуваме на македонски јазик, јазикот се потврди, каде е бугаризацијата, кој дел од историјата чувствуваме дека ни е украден или ни го нема, за разлика од пред месец и половина кога се правеше хистеријата, истакна Богоев.
Тој додаде дека со францускиот предлог воопшто не се спори идентитетот.

Што се смени суштински во насока на бугаризација од тогаш до ден денешен? Ништо. И јас ви гарантирам јавно дека нема ни да се смени ништо, порача потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во утринската програма на ТВ21.