23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Надлежните да престанат да крадат и да почнат да произведуваат струја

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан околу неговата изјава дека компаниите плаќаат драстично поголема цена за струјата, за што надлежните негираа дека тоа е така, одговори дека не очекува надлежните да излезат и да признаат дека се неспособни да менаџираат со електро-енергетскиот сектор, а вистината е дека македонските бизнисмени плаќаат повисока струја од нивните колеги во регионот.

„Јас не очекувам од надлежните да излезат и да признаат дека ги крадат граѓаните и дека се неспособни, односно дека не знаат да го управуваат електро-енерегетскиот систем, но вистината е таа дека македонските бизнисмени, според Еуростат, не според ВМРО-ДПМНЕ, во втората половина од 2021 година плаќаат и двојно повисока цена за струјата од нивните колеги на пример во Косово. Плаќаат поскапа струја од нивните колеги во Србија, во Црна Гора, во Турција и буквално секаде, односно долгата приказна накратко тие стануваат сѐ понеконкурентни и за жал голем дел од нив ќе мораат бизнисите да го затвораат, а со тоа голем број наши сограѓани ќе останат без егзистенција за своите семејства, истакна Мицкоски.

Тој исто така упати и апел до надлежните да не продолжуваат со тврдоглавост, да престанат да крадат и да почнат да произведуваат струја која ќе завршува како помош во стопанството.

„Јас апелирам до надлежните, наместо да продолжат со својата тврдоглавост, да се зафатат со работа, да престанат да го крадат ЕЛЕМ поранешно, денешно ЕСМ, да престанат да ги крадат граѓаните и да му овозможат на бизнисот и стопанството во овие тешки времиња да преживеат бидејќи тоа се хероите на ова време кои што секој месец се борат да обезбедат егзистенција за вработените. Затоа, наместо да продолжат со оние, би рекол глупави изјави кои што ги даваат надлежните, да се зафатат за работа, да престанат да крадат, да произведуваат струја и таа струја да завршува како помош во стопанството и на тој начин да го направат македонското стопанство конкурентно. Истовремено, жалам што секојдневно добиваме поплаки од граѓаните кои што плаќаат и до 50% поскапи сметки за струјата, а она кое што исто така ме шокира е најавата на надлежните дека од први јануари дополнително тие сметки ќе бидат зголемени. Тоа може да се реши на еден начин, ќе повторам, да престанат да крадат да почнат да работат и да произведуваат струја која што ќе биде конкурентна за стопанството и струја која што ќе биде евтина за граѓаните бидејќи Македонија е најсиромашната држава на Балканот и најсиромашната држава во Европа“, потенцираше Мицкоски.