23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Голема трагедија: Почина 25-годишно момче од Берово од сепса по интервенција на заб – Државен санитарен и здравствен инспекторат иницира вонреден инспекциски надзор во болницата

Државен санитарен и здравствен инспекторат иницира вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница Штип за пациент Ј.Д. 25год. од Берово.

На социјалните мрежи беа објавени неколку фотографии за смртта на 25-годишно момче од Берово.

Јован Димовски од Берово починал од сепса предизвикана по интервенција на заб на штипската болница, било соопштено на социјалните мрежи.