22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Ги привлекуваат темни бои како сина и црна: Еве како природно да спречите да ве касаат комарци

Каснувањето од комарец е генерално безопасно и не предизвикува ништо друго освен црвенило на кожата и чешање, но во зависност од климата, некаде каснувањето од комарец може да предизвика посериозни последици.

Тие комарци можат да бидат носители на одредени болести, како маларија или западнонилска болест. Овие комарци обично се наоѓаат во повеќе јужни делови на светот, па затоа е најдобро да се користи се што е потребно за да се заштитите од каснување.

Некои од најефикасните методи се и најприродни.

Покријте се
Прво што можете да направите е да се покриете со облека кога одите на места каде што има комарци како реки, шуми, езера…

Носете светла облека
Облеката што ја носите е најдобра во светли бои бидејќи комарците ги привлекуваат темни бои како сина и црна. Тоа е затоа што темната облека апсорбира повеќе топлина додека светлата облека ја рефлектира топлината.

Комарците имаат многу поизразено чувство за топлина, па природно повеќе ги привлекуваат предмети кои испуштаат повеќе топлина.

Пијте лимонада
Лимонадата и сите други цитрусни пијалоци се природна одбрана од комарци. Исклучително силниот мирис на лимонот им пречи на комарците, па затоа се препорачува секојдневно да пиете цитрусни напитоци за да спречите каснување.

Цитрусни масла
Ако сакате да се заштитите од комарци, добра идеја е да распрскате есенцијални масла од лимон или еукалиптус во воздухот. Се вели дека овој трик навистина функционира.

Спрејовите против убоди од инсекти се направени од масла од чајно дрво, лаванда и пеперминт кои успешно ги одбиваат штетниците до 7 часа.

Можеби ќе ве интересира

ТРИКОВИ НА НАШИТЕ БАБИ – Кога ќе ве касне комарец, направете САМО една работа и нема да СЕ ЧЕШАТЕ

M T