Денеска полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.Л.(23) од с.Крушопек и Ш.И.(31) од Скопје, кои се сомничат дека во 15.30 ч. во продажен салон на подрачјето на Ѓорче Петров со закани со оружје кон вработените одзеле пари и производи, информираат од МВР.
Оттаму соопштија дека при обидот за бегство со ПМВ „Фолксваген Кеди“ биле забележани од полициски службеник од Полициска станица Ѓорче Петров, кој во содејство со полициски службеници од Полициско одделение Сарај во близина на мостот Сарај успеале да го запрат возилото, во кое биле пронајдени една црна вреќа со украдените пари, производи и автоматска пушка, додека двете лица се дале во бегство.