10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пожарот на Криволак е локализиран, вели ЦУК

РЦУК – Велес, известува дека на полигонот Криволак на АБХ стариот полигон во близина на местото Орлово Брдо е појавен пожар на непристапен терен, а не е познато време на негово започнување.

Заради непристапноста на теренот и можноста од неексплодирана муниција е ограничено гаснењето од земја. Во гаснењето на пожарот во текот на денот бил вклучен еден хеликоптер на АРМ кој исфрлил 5 тони вода. Според последните информации пожарот е локализиран.

Армискиот хеликоптер кој дејствуваше во координација со припадниците на Армијата од АП Криволак, доколку има потреба ќе интервенира утре во раните утрински часови.

Можеби ќе ве интересира

Гори кај Долно Дупени – Спасени се викендиците и куќите, делуваат ер-трактори

ДЕСК

Драма на Охридското Езеро: Се запали и потона глисер (ФОТО)

ДЕСК

„Граѓаните нема да бидат жртви на дивоградбите“ – Бујар Османи најавува безкомпромисна борба со нелегалната градба во Чаир

ДЕСК