Соопштение за јавност на СДСМ – реакција на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ:
Барањето на Христијан Мицкоски за референдум против заклучоците на Собранието, против чиста формулација на македонскиот јазик во ЕУ е ништо друго освен негова фарса наменета исклучиво за внатрепартиски потреби.
Граѓаните ззнаат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараа референдум и за Договорот од Преспа а на крај тој референдум го бојкотираа.
Мицкоски го тераше членството да се потпишува на парагон блокови за референдум против пописот па на крајот се откажаа и од тоа.
Мицкоски и неговите пратеници не смогнаа сили ниту достоинство да гласаат против во македонското Собрание, побегнаа и од дебатата и од гласањето. Не му се виновни граѓаните за тоа.
Откткоа потонаа сите лаги и се виде дека ниту има бугаризација, ниту асимилација, туку почеток на преговори со чист македонски јазик во ЕУ Мицкоски сака со неговото пропаѓање да ги повлече и граѓаните.
СДСМ, заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи. Референдум против македонски јазик во ЕУ нема да поддржиме.
Мицкоски и неговиот проруски партнер Апасиев останаа изолирани на погрешната страна на историјата, против Европската унија, против стратешките определби на земјата и граѓаните.