Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

148 санкционирани возачи во Скопје, 24 возачи на мотоцикли

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 24 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки технички неисправни и нерегистрирани возила, пет санкции за возач почетник…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

За инцидентите со секира во Струмица, полицијата уапси едно лице – по друго распишана потерница

ДЕСК

Трагедија кај Гевгелија: Пронајден починат 36 годишен маж, полицијата излезе со детали

ДЕСК

Малолетници на 14 и 17 годишна возраст уапсени откако биле фатени како возат возило кое претходно било пријавено за украдено

ДЕСК