„Имаше сугестии дека процесот на скрининг кој започна на 19 јули е ист како и процесот на мониторинг кој трае од 2005 година. Ова е очигледно неточно и погрешно. Да, скринингот навистина почна на 19 јули 2022 година. Ова е различен процес од процесот на мониторинг кој започна во 2005 година“, велат од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, пишува 360 степени.мк.
Северна Македонија и Албанија го почнаа процесот на скрининг пред два дена во Брисел што е првиот чекор во процесот на пристапни преговори, велат од Делегацијата на ЕУ во земјава на прашањата што денеска ги упати 360°.
Одговорите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје доаѓаат по вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека „ниту има скрининг, ниту има преговори и дека ова што се нарекува скрининг е, всушност, мониторинг кој е почнат уште во 2005 година“. Според Мицкоски, нема никакви преговори и тие нема да почнат.
Поради различните интерпретации, и партиски и медиумски, што всушност значеа одлуките и состаноците од пред два дена во Брисел, 360° се обрати до Делегацијата на ЕУ и побара одговори на следните прашања:
Дали за Северна Македонија почна процесот на скрининг?
Дали е усвоена Прегоаварачката рамка за Северна Македонија?
Дали има различен процес за Северна Македонија и за Албанија?
Ги добивме следните одговори кои ви ги пренесуваме и на македонски и на англиски јазик:
„Имаше сугестии дека процесот на скрининг кој започна на 19 јули е ист како и процесот на мониторинг кој трае од 2005 година. Ова е очигледно неточно и погрешно. Да, скринингот навистина почна на 19 јули 2022 година. Ова е различен процес од процесот на мониторинг кој започна во 2005 година.
Првите меѓувладини конференции за отворање на процесот на пристапни преговори со Албанија и со Северна Македонија се одржаа на 19 јули, откако Советот ги одобри преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија.
Комисијата веднаш почна со процесот на скрининг со двете земји истиот ден. Ова е првиот чекор во процесот на пристапни преговори.
Скринингот се состои од два дела, објаснувачки скрининг и билатерален скрининг.
Скринингот ќе им овозможи на Северна Македонија и на Албанија да се запознаат со правата и обврските на Европската Унија и да овозможат да се идентификуваат прашањата и областите каде треба да се интензивираат подготовките со цел да се имплементира со правото на ЕУ и да бидат во позиција да го применат до моментот на пристапување.“
„It has been suggested that the screening process that started on 19 July is the same as the monitoring process that has been on-going since 2005. This is clearly inaccurate and misleading. Yes, the screening has indeed started on July 19 2022. This a distinct and different process from the monitoring process that started in 2005.
The first Intergovernmental conferences opening the accession negotiations process with Albania and North Macedonia took place on 19 July, following the approval by the Council of the negotiating frameworks of North Macedonia and Albania.
The Commission has started immediately the screening process with both countries the same day. This is the first step in the process of accession negotiations.
The screening consists of two parts, the explanatory screening and the bilateral screening.
The screening will enable North Macedonia and Albania to get familiar with the rights and obligations of the European Union and allow to identify issues and areas where preparations need to be intensified with a view to implementing the EU acquis and be in a position to enforce it by the time of accession.“
Денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, изјави дека скрининг-процесот на земјава со Европската Унија е отворен и дека би требало да заврши во ноември 2023 година.
Извор: 360 степени