1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Повторно падна цената на нафтата на светските берзи

– Цените на нафтата денеска паднаа под нивото од 106 долари на меѓународните пазари, бидејќи фокусот повторно е ставен на знаците за слабеење на побарувачката поради напорите на централните банки да ја ограничат инфлацијата со повисоки трошоци за задолжување.

На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во септември попладне беше пониска за 1,68 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 105,67 долари.

На американскиот пазар барелот за испорака во август се тргува по пониска цена за 1,82 долари, односно за 102,40 долари. Повеќе се тргуваше со барели за испорака во септември со пад од 1,79 долари на 98,94 долари.

Во меѓувреме, Либија го отвори пристаништето Ес Сидер за извоз на нафта, се вели во денешното соопштение за медиуми на Министерството за нафта.

Во посебен извештај, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска соопшти дека барел од нафтената кошница на нејзините членки во вторникот изнесувал 110,27 долари, што значи дека поскапела за 1,51 долар во однос на претходниот работен ден.

Можеби ќе ве интересира

Стабилни резултати во првата половина од годината како резултат на стратешкиот и таргетиран одговор на трендовите на енергетскиот пазар

ДЕСК

Индустриското производство во јуни 2025 година е зголемено за само 0.5 % во однос на јуни 2024 година

ДЕСК

Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 %

ДЕСК