Општо е познато дека циметот го поттикнува метаболизмот, а во комбинација со освежитечкото овошје килограмите едноставно се „топат“.
Состојки:
1 големо јаболко
2 чаши спанаќ
3 лажички сечкан коријандер
1 лимон
1 чаша свежо исцеден сок од портокал
2 лажички ѓумбир
1/3 банана
1 лажичка цимет
Подготовка:
Сите состојки исечкајте ги и ставете ги во блендер.
Мешајте додека не добиете хомогена смеса.
По желба додадете коцки мраз за подобро летно уживање.