23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бугарското ВМРО: Шлаканица за нас е европската легитимација на македонскиот јазик

Еден од копретседателите на бугарската партија ВМРО-БНД Искрен Веселинов смета дека се „премали шансите Македонија да ги исполни обврските кон Бугарија“.

„Уставот е веќе еднаш изменет на барање на Грција. Сега се сомневам дека ќе се најдат одговорни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Вметнувањето на Бугарите во Уставот не решава никакви проблеми на бугарската заедница. Ние повлековме 3 од 4-те наши приговори кои се апсолутно оправдани. Најголемата шлаканица за сите нас е европската легитимација на македонскиот јазик и нација“, изјави тој, пренесува „Bulgaria ON AIR“.

Според него, „Бугарија ќе продолжи да има забелешка на која веројатно никој нема да внимава“.

„Македонскиот јазик најверојатно ќе се изучува како филолошки во европските градови и ќе останеме сами во одбраната на вистината дека тој е регионална форма на литературниот бугарски јазик. Сведоци сме на колективно предавство во Народното собрание. ВМРО ги убеди политичките групи да не одат на оваа опција, уверувајќи ги дека нема да има повлекување од позицијата на Бугарија“, додал Веселинов.