6. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАЛОКАЛНО

Санева: Депонијата во Штип гори, а локалната власт молчи

Штип се гуши во чад. Додека во Штип од новата локална власт видовме само распродажба на општинскиот имот, задолжување за 100 милиони денари, чести проблеми со водоснабдувањето и несервисирање на услугите кон граѓаните, депонијата секојдневно гори, а властите молчат, вели Марина Санева, портпарол на ОО СДСМ Штип.

„Депонијата во Штип со која управува ЈП Исар е во тотален хаос и со недели е запалена и гори со што загаденоста на воздухот и зголемениот број опасни ПМ честички, претставуваат ризик по здравјето на граѓаните. Депонијата неконтролирано се шири, создавајќи опасност од уште поголемо загадување на околината. Очигледно на Иван Јорданов единствено важни му се продавањето на имотот на ЈП Стипион, кредиот со кој планира да ја задолжни општината, пристапот до средствата од самопридонесот , а најмалку важно му е здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина“, посочува Санева.

За жал, како што вели, тоа е новата реалност и новата иднина за Штип и во наредите три години.

„Депонијата во Штип е само олицетворение на работењето на локалната власт. Многу мини депонии секојдневно никнуваат и во центарот на градот и во повеќе урбани населби, нешто што не доликува на град кој важи за центар на Истокот“, реагира Санева.

Можеби ќе ве интересира

Душко Милев: Предллогот на Филипче за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето е спас за лозарите

C +

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

C +

Филипче за Слободен печат: Владата нема желба ниту да ги зголеми платите, ниту да ги стави под контрола цените

C +