10. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Регулаторна го укина надоместокот за мрежарина за лицата што произведуваат и продаваат струја

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги го укина надоместокот за мрежарина при предавање на вишокот произведена електрична енергија од обновливи извори, како што се фотонапонски електроцентрали кои што домаќинствата и малите потрошувачи ги имаат инсталирано, а се стекнале со статус на потрошувач- производител.

„ Со одлуките кои ги носиме, сакаме да ги стимулираме потрошувачите да инсталираат фотоволтаични електроцентрали. На овој начин сметаме дека ќе се поттикне голем број на домаќинстават да ги искористат поволните услови и во време на енергетска криза да си обезбедат електрична енергија од сопствени извори, во случајов од фотонапонски електроцентрали . Токму затоа РКЕ презеде иницијатива за олеснување на инвестициите и пристапивме кон измена на Тарифниот систем за дистрибуција на електрична енергија. Со оваа одлука практично домаќинствата кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 6 кW и останатите потрошувачи кои што инсталирале фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност до 40 кW нема да плаќаат повеќе надоместок за користење на дистрибутивниот систем за вишокот на електрична енергија која што ја предаваат во мрежа“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со 1.000 денари покачување

ДЕСК

Се токмат нови цени на горивата

ДЕСК

УЈП продаде запленет стан во Охрид, деловен простор во Струмица, земјиште во Прилеп – вкупно инкасирале 314.230 евра

ДЕСК