Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Спасов: Заедничко за ВМРО на Каракачанов и ВМРО на Мицкоски се обвинувања за ,,национално предавство”

Поранешниот министер за правда и амбасадор во Бугарија и Велика Британија, Ѓорѓи Спасов ги коментира реакциите на ВМРО на Каракачанов, и на ВМРО на Мицкоски, по вчерашниот говор на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, пред пратениците во Собранието на Република Северна Македонија.

,,ВМРО Красимир Кракачанов, денес тврди дека Европската комисија го прифатила македонскиот јазик и идентитет и ја обвинува власта во Бугарија дека извршила национално предавство.
ВМРО на Мицковски цел ден тврди дека власта во Македонија не обезбедила прифаќање на македонскиот јазик и идентитет и извршила национално предавство. Некој мора да греши” пишува Спасов.

Професорот вели дека заедничко за овие две партии е тоа што низ призма на наводен патриотизам обвинуваат за ,,национално предавство”.

,,Но станува јасно дека имаме нешто заедничко. Имаме “патриотски сили” на кои омилена забава им се обвинувањата за “национално предавство”- закчучува професорот Спасов.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.