24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Министерката Петровска се сретна со британските парламентарци Алекс Собел и Стивен Даути

Денеска во министерството за одбрана министерката Славјанка Петровска се сретна со претставници на Лабуристичката партија во британскиот парламент, Алекс Собел и Стивен Даути, со кои разговараше за силната одбранбена соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, видлива преку реализирани заеднички обуки и вежби со кои ја градиме интероперабилноста со партнерите и сојузниците на НАТО.

На средбата се разговараше за неодамна одржаната вежба Swift Response 22, најголема одржана вежба на територијата на Северна Македонија, која е пример за планирање, тренинг и заедничко координирање и дејствување на НАТО сојузниците и покажа дека нашите војници се подготвени да бидат домаќини и да демонстрираат подготвеност и интероперабилност.

Петровска порача дека Северна Македонија е кредибилен партнер посветен на западните вредности, и дека со членството на нашата држава во НАТО, Балканот е постабилен и побезбеден, министерката додаде дека брза интеграција во ЕУ дополнително ќе ја зајакне нашата стабилност и безбедност.