25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Грковска: Во процесот на дигитална трансформација на општеството од клучна важност е засилувањето на сајбер безбедноста во нашата држава

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска имаше работен состанок со експертите и тимот на USAID-CIDR Проектот кои работат со CICWG – работната група за сајбер безбедност на критичната информациска инфраструктура на Република Северна Македонија.

На состанокот вицепремиерката Грковска се заблагодари на тимот на USAID-CIDR Проектот за дадената експертиза и постојната поддршка во оваа област и изрази подготвеност да ја поддржи координацијата на активностите меѓу секторите кои работат на зајакнување на капацитетот на критичната инфраструктура во земјата. Истовремено иницираше и координација со Естонските експерти кои веќе имаат изготвенo извештај за земјите од Западен Балкан во делот на сајбер безбедноста.

Вицепремиерката Грковска оцени дека во процесот на дигитална трансформација на општеството за Република Северна Македонија од клучна важност е засилувањето на сајбер капацитетот во нашата држава. Важно е сајбер безбедноста да не се третира како трошок во една држава, туку како инвестиција. Но истовремено, потенцираше Грковска, треба да се обрнува внимание и да се зголеми свесноста за сајбер безбедноста и кај граѓаните и кај бизнис секторот, посебно во делот на пријавување на сајбер напади.

Од страна на експертите и тимот на USAID-CIDR беа презентирани досегашните активности, но и предлозите за следните активности и моделот на 8+1 сектори на критична информациска инфраструктура, кој треба дополнително да се договори со носителите на секторите и регулаторите.

Со подршка на УСАИД, оформена е работна група за сајбер безбедност на критичната информациска инфраструктура каде учествуваат претставници од повеќето релевантни институции, како и од приватниот сектор кои се од клучна важност за нашата држава.

CICWG е форум креиран да ги олесни активностите кои се однесуваат на отпорноста на критичната национална инфраструктура за сајбер-безбедноста во Северна Македонија.