Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Архива
МАКЕДОНИЈА

73 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Во текот на вчерашниот ден (09.07.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе засилена акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 73 возачи. Од нив, четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка меѓу трактор и фолксваген – има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка меѓу камион и автомобил на автопатот Пријателство – има повредени

ДЕСК

Серија апсења на повеќе локации низ Републиката

ДЕСК