Соопштение на СДСМ:
Денес коалицискиот партнер на Мицкоски, Дидмитар Апасиев ја откри вистинската намера и цел на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Левица а тоа е да не бидеме членки ЕУ за други или поточно туѓи алтернативи.
Тоа што го мисли Мицкоски гласно го зборува Апасиев.
Со оваа изјава на коалицискиот партнер на Мицкоски се потврдува сомнежот дека воопшто не станува збор за протести кои против европскиот предлог туку за целосна промена на стратешкиот курс на земјата и напуштање на евроинтеграцијата.
Очигледно ова е вистинската скриена агенда на Мицкоски, директно насочена против ЕУ.
Мицкоски мора јавно да излезе веднаш и да соопшти кои се неговите вистински цели и која алтернатива има ја нуди на граѓаните?
Дали тој се залага за Евроазиска унија како неговиот коалициски партнер со кој ги организраат протестите?
Овие прашања мора да ги одговори јавно Мицкоски.
Апасиев е докажан и признат проруски политичар, но очигледно е дека и Мицкоски всушност ја води истата и силно ја поддржува таа политика. Целта на крвавото сценарио што не успеа очигледно беше составен дел од тоа.
Граѓаните заслужуваат одговори. Мицкоски не смее едно да говори во јавноста а тајно да договара други стратешки цели со Апасиев.