Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Презентиран документот „Проценка на закани од организиран и сериозен криминал – СОКТА 2021“

Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Н.Е. амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше презентиран документ за Проценка на закани од организиран и сериозен криминал – СОКТА 2021.

Во своето обраќање министерот Спасовски ја истакна важноста на овој документ како за Министерството за внатрешни работи така и за државата, од причина што тој во себе содржи широка разузнавачка слика и систематски ги идентификува заканите од организираниот и сериозен криминал во државава.

„Би сакал да потенцирам дека токму методологијата и процесот за изработка на СОКТА 2021 во целост се усогласени со циклусот на политики на ЕВРОПОЛ кои се меродавни за проценување на заканите од организиран и сериозен криминал во рамки на Европската Унија, со што успешно е продолжен циклусот кој за првпат е воспоставен во 2016 година, кога беше изработена првата проценка од овој вид. Мултисекторскиот пристап и градењето на меѓуинституционалната соработка, како и соработката со меѓународните фактори имаат клучно влијае врз севкупниот одговор на организираниот и сериозниот криминал“, потенцираше Спасовски, додавајќи дека покрај детектирање на заканите, во проценката се содржани и препораки за надминување на слабостите и предизвиците поврзани со сузбивањето на организираниот и сериозниот криминал, поради што таа има за цел да обезбеди систематска поддршка во процесот на донесување на стратешките одлуки и утврдување на приоритетите, заради постигнување на поголема ефикасност, насочување и рационално користење на ресурсите кои се на располагање во овој домен. Од страна на Н.Е. амбасадорот Клеменс Која беше посочено дека сериозниот и организиран криминал е сè подинамичен и покомплексен феномен кој бара силен разузнавачки одговор од страна на органите за спроведување на законот во земјата и дека организираниот криминал е пречка за одржливиот развој на секоја земја. Амбасадорот Која изрази благодарност до Владата на Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи за активната поддршка во текот на процесот на изработка на извештајот за проценка на закани од сериозен и организиран криминал.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

ДЕСК

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

ДЕСК