Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдена дрога во гостиварско, приведени две лица

На 21.06.2022 околу 21.50 часот во гостиварско Дебреше, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ф.З.(29) од Гостивар и 23-годишната А.О. од гостиварски Равен затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Исто така, подоцна, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Ф.З., при што била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, писхотропни супстанци и прекурсори“.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.