Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(Фото) Возел со 208 км на час со своето бело ауди, но полицијата го фати – 99 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Денеска (10.06.2022) во периодот од 08.00 до 15.00 часот Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 99 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК

Следува продолжен викенд – ова се преостанатите неработни денови до крајот на 2025

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.