Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.С.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело изработка и употреба на лажна платежна картичка по член 274-б од Кривичниот законик.
Имено, пријавениот во текот на март 2022 година, откако претходно ги обезбедил банкарските податоци од платежна картичка на неговата поранешна сопруга, прибавените податоци ги употребил за вршење на 11 трансакции на интернет-продажни места, во вкупен износ од 13.684 денари, од кои 7 успешни, а 4 неуспешни, со што остварил противправна имотна корист во висина од 9.095 денари.