24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

На Американците им е забрането да купуваат руски акции

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден издаде нови инвестициски ограничувања кои им забрануваат на Американците да купуваат руски акции и обврзници.

Забраната е најновиот чекор на американските власти за зголемување на финансискиот притисок врз Русија како одговор на инвазијата на Москва на Украина, пишува Си-Ен-Ен.

Според новите упатства објавени од Министерството за финансии во понеделникот, на американските инвеститори им е забрането да купуваат нови и постоечки должнички и сопственички хартии од вредност издадени во Руската Федерација.

На Американците сепак ќе им биде дозволено да продаваат руски акции и обврзници, но само на лице кое не е од САД, соопшти Министерството за финансии.