-Еве денес ќе најавам дека претпијатијата од трите наши држави кои ги управуваат патарините работат на поврзување на системите за електронска наплата на патарина. Тоа значи дека граѓанин од Србија со ТАГ за електронска напалата на своето возило ќе може без застанување да помине и на македонска и албанска патарина – системот ќе го препознае и рампата на патарина сама ќе се крене, со електронска наплата. Така ќе ги намалиме гужвите по автопатите и патарините, а граѓаните побрзо ќе стигнат до крајната дестинација, изјави премиерот Димитар Ковачевски на завршната прес конференција на “Отвоен Балкан” во Охрид.