23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Мицкоски застана против Резолуцијата за македонските позиции во однос на Бугарија

Со своето недржавничко однесување Христијан Мицкоски ја погази и застана против Резолуцијата за македонските позиции во однос на блоката од страна на Бугарија, обвинуваат од СДСМ.

„ Во Резолуцијата за македонските позиции, под број 4, се бара продолжување на европските интеграции со „уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите“ велат од СДСМ.

На ниту едно место во оваа резолуција, како што појаснуваат од владејачката партија, не стои дека Северна Македонија нема исполнето некој критериум за членство. Напротив, како што велат, и во името на самата Резолуција е создржана суштината, дека се однесува на блокадите на нашата интеграција во ЕУ, од страна на Бугарија.

„ Сосема спротивно од Резолуцијата за македонските позиции, Мицкоски на Конгрес на ЕПП прифатил Резолуција каде во еден дел е вграден ставот на Бугарија. Тоа е тврдењето во дел од Резолуцијата на ЕПП дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што не биле „постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.“

Зошто Мицкоски прифатил усовјување Резолуција од ЕПП со ставови на Бугарија, спротивно на македонските позиции и македонската Резолуција, усовоена во нашето Собрание? Очигледно свесно и намерно“ се вели во соопштението.