23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Илон Маск ги нападна критичарите на новиот стендап на Џервејс: Не сте во допир со светот

Милијардерот Илон Маск му даде поддршка на комичарот Рики Џервејс откога неговото контроверзно стендап-шоу наиде на лоши критики.

Долгоочекуваниот специјал на „Нетфликс“, SuperNature, доби мешани критики од оние што го гледаа, а многу луѓе се вознемирени од некои шеги што ги кажа комичарот.

Потоа следуваше посебна дебата за неговите шеги на сметка на транс-заедницата. Во еден дел од емисијата тој ги повика транс-жените да си го изгубат к*рот“.

„Ох, жени. Не сите жени, мислам на старомодните. Проклети диносауруси. Јас ги сакам новите жени. Тие се одлични, нели? Овие што ги гледаме во последно време. Овие со бради и к*рови,“ вели комичарот за време на настапот.

И додека шоуто доби високи оценки од страна на агрегатот на рецензии „Ротен томатос“, тоа наиде на осуда од некои критичари.

Сепак, најбогатиот човек на светот, Илон Маск, не се согласува со нив и го поддржа Џервејс на „Твитер“ велејќи дека критичарите не знаат за што зборуваат.

„Тие немаат контакт со народот и на тој начин го губат својот кредибилитет кај луѓето“, напиша Маск.