7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Богоев: За нормален дијалог треба нормални политичари, опозицијата блокира кога цел свет се обединува

„За да постои нормален политички дијалог треба да имаме нормални политичари од двете страни. Додека сме сведоци дека во цел развиен, па и не толку развиен свет власта и опозицијата соработуваат, кај нас опозицијата реши да блокира“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Тој додаде дека жали што опозициската ВМРО-ДПМНЕ се одлучи за блокирање и не гледа логика во таквиот чекор, бидејќи блокадите не носат добро за никого.

„Слушам и небулози дека некои закони ќе се поддржеле, некои не. Собранието е сериозна институција, тоа е столбот на една демократска држава и не може да се дозволи опозицијата да го третира како пазар“ рече Богоев.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ добие негативна реакција од јавноста и бизнис фелата за нивното барање за предвремени избори, па токму затоа се обидуваат да го ублажат тоа со нудење на луѓе за помош во кризата.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски преку социјалните мрежи кажа дека нема да поднесе оставка

ДЕСК

Изготвен извештај за предизборното медиумско претставување од 10 август до 28 септември 2025

ДЕСК

Атанасов: Гевгелија ќе биде град што дише со своите луѓе и работи за граѓаните

ДЕСК