Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казни за 246 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 246 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 32 санкции, 12 мерки за прекршоци што ги направиле пешаците, 20 казни за возење без возачка дозвола.

Изречени биле 12 мерки за користење на мобилен телефон, 56 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 24 санкции за возење под дејство на алкохол, пет санкции за некористење сигурносен појас.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

C +

Утре наутро претежно ведро и студено, преку денот сончево

C +

Касами: Тетово ја заслужува оваа трансформација – продолжуваме уште посилно со Второто поглавје за развој

C +