Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Малолетник тешко повреден откако бил удрен од автомобил во тетовско

Малолетен пешак од Мала Речица-тетовско, бил тешко повреден откако во него удрило патничко возило, соопшти полицијата.

Имено вчера во 13.00 часот на регионалниот пат Тетово-Пирок во с. М.Речица-тетовско, патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.С.(36) од с. Г.Речица-тетовско удрило во малолетен пешак од с. М.Речица, кој е пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, информира МВР.

Можеби ќе ве интересира

Апсења на повеќе локации низ Скопје

ДЕСК

ПОВТОРНО ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Метеоцентар со временски најави за следните 4 дена

ДЕСК

Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

ДЕСК