23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ беше и останува криминална партија

Судската пресуда за предметот ТНТ за рушењето на „Космос“ одново потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија со тапија, посочуваат од СДСМ.

Од владејачката партија нагласуваат дека во овој случај на затворски казни се осудени, Никола Груевски и Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

„Бројните пресуди ги потврдуваат индициите за сторените тешки криминали кои беа објавени преку проектот Вистината за Македонија. Се потврдија наводите дека Никола Груевски е инспираторот на најголем дел од кривичните дела, а Миле Јанакиевски негов извршител.

Тоа е истиот Груевски кому Мицкоски отпрвин му беше советник, а потоа и генерален секретар на партијата, истиот Груевски кој го смести Мицкоски во фотелја во Белиот дворец“, се наведува во партиското соопштение.

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е, како што велат, истата непроменета криминално-режимска партија која работи против интересите на граѓаните и државата.