Денес делегацијата на Собранието присуствуваше на пленарна седница на Бундестагот, каде што претседателката и пратениците на Бундестагот го поздравија претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Прва точка на дневниот ред беше изјава на Сојузниот канцелар Олаф Шолц во врска со вонредната седница на Советот на ЕУ на 30 и 31 мај.
Во своето обраќање, Шолц ја нагласи потребата од финансиска помош на Украина, потсетувајќи на изгубените животи, домови и уништената инфраструктура во чие опоравување ќе треба да помогнат сите чинители.
Во говорот, тој се осврна и на Западен Балкан и на заслугите и достигнувањата кои се основа за членство во Унијата за сите аспиранти.
Шолц изјави дека ќе отпатува за Западен Балкан, пред состанокот на Европскиот совет, со цел да му ја пренесе пораката на регионот дека има место во Европската Унија.