Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Ковачевски во работна посета на Кралството Белгија и ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска е во еднодневна работна посета на Кралството Белгија и ЕУ.

Во Брисел премиерот Ковачевски ќе оствари билатерална средба со премиерот на Кралството Белгија, Александар де Кро.

Работната посета на претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе продолжи со средба со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеф Борел, по што ќе следува и состанок со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Премиерот Ковачевски еднодневната посета на Брисел ќе ја заврши со средба на лидерите од земјите од Западен Балкан и со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеф Борел.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

СДСМ: Пожарите беснеат на сите страни – ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална неспособност

ДЕСК

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на затворен базен во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во Кисела Вода

ДЕСК