25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ограбени мигранти во Kумановско, им биле одземени пари и мобилни телефони

Вчера во 9:29 часот во СВР Куманово С.М.(21) од Р Сирија, кој бил илегален мигрант, пријавил дека во атар на с.Ваксинце, Кумановско, при обид да ја преминат државната граница кон Република Србија, тој и неколку членови од групата со која бил физички биле нападнати од четири лица.

Притоа според пријавеното им биле одземени пари и мобилни телефони.

Увид на местото извршиле полициски службеници од СВР Куманово, а по насока на Јавен обвинител С.М. е пренесен во транзитен центар во с.Сопот, Кумановско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.